-5.2 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

АВТОБУС НА ЈСП УДРИЛ ВО 60-ГОДИШЕН МАЖ Страшна несреќа кај Транспортен центар, пешакот заврши во болница

Автобус на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) удрил во машко лице на возраст од околу 60 години.

Инцидентот се случил денеска околу 11:45 часот на крстосницата кај Транспортен центар.

По инцидентот, повреденото лице било веднаш пренесено со возило на Итна помош во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности кои довеле до оваа несреќа. Се очекува дополнителни информации да бидат објавени по завршување на истрагата.

„Во моментов се преземаат сите неопходни мерки за истражување на инцидентот, а соработуваме со надлежните здравствени институции за утврдување на здравствената состојба на повредениот. Се работи на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата“, се вели во соопштението од МВР.

поврзани објави

Последни објави