Морам да споделам, посилно е од мене. Ме јаде, ме гризе од внатре, иако си ветив дека ќе пробам да го премолчам, но не можам..
Синоќа бев присутен на Новогодишен концерт на ООМУ Ордан Михајлоски Оцка-Прилеп, во улога на родител.
Учениците блеснаа на сцена, свечено облечени и подготвени за настап;
Воодушевија со изведбите;
Наставниците на ниво на задачата;
Програмата и изборот на точки за восхит.
И…
Во публиката една “мала” залутана група од разгалени деца дојдени со своите разгалени родители кои што:
скокаат од столче на столче;
гласно говорат;
телефоните не ги поставуваат на тивок режим и кога им ѕвонат се јавуваат без ронка срам;
коментираат додека трае изведбата;
влегуваат или излегуваат во/од концертната просторија;
по завршување на настапот на нивниот близок го напуштаат концертот правејќи неред зад себе…
И уште многу други недоличности.
Разгалените деца се одраз на разгалени родители.
Фејсбук-статус на Гоце Бумбароски, наставник