Сега кога имаме робусна акција, сега излегува ова „ах ги пуштија намерно“. Не очекувам од СДСМ да кажат нешто добро, да кажат се тераат добро работите. Среќа што се малкумиина. Ние ова го правиме во име на нашата заложба, да има правна држава и одлучна борба против криминалот и корупцијата. Не очекувам СДСМ или другите опозициски партии да кажат „БРАВО“. Они ќе си продолжат со конструкции и монтажи. Важно е чувството на надеж дека се враќа. Не верувам дека е брилијантно, не велам дека чуда сме направиле за шест месеци. Ние не сме чудотворци, но факт е дека бројот на испитаници кои велат дека Македонија се движи во правилна насока е за 4 до 5 пати поголем од пред шест, седум, осум месеци. Секој кој сторил кривично дело, ќе одговара пред органите, за тој кој што ќе се обезбедат докази. Така ќе продолжиме и во иднина. Тоа е дневна политика, гола политика. Вистинската политика е да има реформи, да нема криминал и корупција, да нема скандали, а да работиме за народот, вели Мицкоски од Брисел.
Премиерот вели дека ако се вратиме наназад да ги анализираме првите шест месеци на другите влади, вели дека не сака да биде себичен, но ако се направи компаративна анализа базирана на факти, а не на чувства, ќе се погледне разликата која е во позитивна насока на оваа Влада и нејзината работа.
Ги разбирам пораките од опозицијата. Ние со дела можеме сите тие шпекулации да ги разбиеме и така ќе продолжиме. Навистина треба многу да работиме, за да тоа што сме го испуштиле, да го надоместиме, додаде Мицкоски.