11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ленин Морено победи на претседателските избори во Еквадор

Поранешниот еквадроски потпретседател, Ленин Морено, победи во вториот круг од претседателските избори во Еквадор, покажуваат првите официјални резултати, објавени од Националниот изборен совет.

Морено, според преброените 95,2 отсто од гласачките ливчиња, добил поддршка од 51,07 проценти од гласовите на избирачите.

Неговиот ривал, претставник на умерената конзервативна партија Создавање можности (ЦРЕО) Гиљермо Ласо освои 48,93 отсто од гласовите.

Ласо изјави дека ќе ги оспори резултатите и ќе побара ново пребројување на гласовите.

Победата на Морено претставува олеснителна околност за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, откако Ласо вети дека ќе го протера од евкадорската амбасада во Лондон, доколку победи на изборите.

поврзани објави

Последни објави