Полицијата во Колумбија заплени повеќе од шест тони кокаин наменет за црниот пазар во Шпанија, што е досега најголема заплена на дрога во таа држава.
„Полицијата му зададе досега најголем удар на организираниот криминал бидејќи заплени 6.134 килограми кокаин во местото Баранкилја. Кокаинот бил наменет за Шпанија“, соопшти полицијата.
Дрогата и припаѓала на криминалната група Заливски клан која ја предводи Даиро Антонио Узуга, моментно најбаран криминалец во Колумбија. Неговиот клан е составен од припадници на десничарски паравоени единици.