11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Колку витамин Ц се препорачува да внесувате во текот на денот?

Препорачаната дневна доза на витамин Ц изнесува 75 до 90 милиграми за возрасни лица.

Меѓутоа научниците сметаат дека таа количина не е доволна и дека дневната доза би требало да изнесува од 200 до 300 милиграми.

Лицата кои редовно се занимаваат со спорт би требало да внесуваат 10 милиграми виамин Ц на секои 1.000 калории што ќе ги потрошат.

И пушачите би требало да внесуваат поголема доза на витамин Ц, бидејќи со тоа се заштитуваат од штетните дејства на тешките метали што ги содржат цигарите. Препорачаната дневна доза за пушачите изнесува 130 милиграми.

Бремените жени би требало да конзумираат 85 милиграми витамин Ц дневно.

Вишокот витамин Ц се исфрла преку урината.

поврзани објави

Последни објави