4.8 C
Skopje
Thursday, December 26, 2024

ИСПОВЕД НА НОВИНАРКАТА ИВОНА ТАЛЕВСКА: Најтешко ми беше во овие моменти – Сител стана токсична атмосфера за моите ментални вредности!

Во новогодишно интервју за „Женски магазин“ Ивона Талевска открива интересни работи за себе, на професионален, но и на приватен план.

Омега 3 – Допелхерц е водечки германски бренд. Го има низ цела Европа
и е многу препознатлив.
Омега 3 ја имаат многу компании, но ние се разликуваме навистина по
квалитетот, кај срцеви заболувања, кај сите состојби на регулирање на
маснотии и холестерол и регулирање на крвен притисок.
Иновативен препарат за кардиоваскуларен систем.

Познатата новинарка кој годинава направи неочекуван трансфер и од Сител премина на Алфа телевизија најави и нов проект за јануари, емисија од областа на економијата и бизнисот.

Искрено раскажува дека заминувањето од Сител кој, како што вели, станал токсична атмосфера за нејзините ментални вредности и стандарди, е половина од нејзината најдобра професионална одлука. „Втората половина е заминувањето во Алфа ТВ, пред сѐ заради позитивната и креативна атмосфера, која таму ја гледам“, вели Ивона.

Во истото интервју таа зборува и кога ѝ било најтешко во животот, а тоа е периодот кога брат ѝ замина за Америка, пред 7-8 години и денес живее таму.

„Сме прилично поврзани меѓу себе. Тој е човек исклучително добро образован, писмен и духовит, школуван во Болоња, Италија на матичниот Универзитет на екс претседателот на Европската комисија Романо Проди и награден од Европската Унија за трет најдобар проект за решавање на проблемите со миграцијата во ЕУ. И кога еден таков човек, а плус и брат ќе ви отиде толку далеку, што можете да се гледате еднаш годишно, тешко наоѓате замена“, вели таа за „Женски магазин“.

поврзани објави

Последни објави