6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВИДЕО: Ѓорчев бара обединување околу државните интереси, не туѓи платформи

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на оваа партија, Влатко Ѓорчев одржа прес-конференција на која побара обединување околу државните и не прифаќање на Платформи од туѓи држави.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Ѓорчев:

Тоа што и треба на Македонија не се туѓи платформи и туѓи мешетарења, туку обединување околу државните и националните интереси на она што се нарекува заедничка единствена Македонија.

На сите овие изјави СДСМ молчи, никаде ги нема и со тоа директно ги одобрува антидржавните и антинационални политики кои што и се наметнуваат на Република Македонија.

Граѓаните денес, како никогаш до сега бараат лидерство и одлучност од сите политички субјекти, а најмногу од СДСМ, кој што со денови и месеци молчи. Тие очекуваат политичарите цврсто да застанат зад националните и државните интереси, зад унитарниот и мултиетнички карактер на Република Македонија.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ водена од интересите на граѓаните, нуди градење на консензус околу иднината на земјата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ излезе со Манифестот за Единствена Република Македонија втемелен на 4 принципи и повикавме на национално и државно обединување на сите граѓани, верски организации, партии и општествени чинители.

Основа на Манифестот е обединување околу државниот и националниот интерес, за зачувување и промоцијата на националниот, културниот и јазичен идентитет на Македонците и граѓаните од останатите етнички групи и заедници во земјата и надвор.

Во тој контекст се предлага признавање дека македонскиот јазик е интегративен елемент на сите граѓани во нашето општество без разлика на нивното потекло.

Што има СДСМ против овие елементи на Манифестот ?

Зошто СДСМ прифаќа да дебатира за промена на химната, за промена на грбот или знамето на Република Македонија, а не сака да дебатира за прашањата кои што се опфатени од овој обединувачки Манифест?

Манифестот вели дека македонскиот народ не може да биде надгласуван во однос на македонскиот идентитет. Дека ниту една заедница не треба да биде надгласувана за теми кои што го засегаат нејзиното право на само идентификување.

Зошто СДСМ не сака јавно да застане зад овој постулат?

Што има спорно за СДСМ во ставот: Нема да се прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија. Што е тука спорно за СДСМ? Што е спорно? Каде што се вели дека нема да прифатиме идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик. Што е тука спорно за СДСМ, ако нема задна намера да ги менува сите овие работи. Нема да дозволиме било кое решение да биде прифатено од страна на политичари и поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството граѓани кои што ќе излезат на Рефендумот да се согласат со можното решение.

Манифестот предвидува и воспоставување на редовен дијалог помеѓу секоја власт и секоја опозиција за прашања од коишто се од важност и кои што се од национален и државен интерес. Дијалогот да се одвива и решенијата кои што се изнаоѓаат секогаш да се изнаоѓаат во рамки на институциите на Република Македонија, во дијалог помеѓу македонските претставници од страна на претставници кои што се директно избрани од граѓаните на Република Македонија. Зарем ваков дијалог не е потребен за СДСМ, и зарем ваков дијалог сметаат дека е излишен? Истото ова е најефикасна заштита од надворешни влијанија или реализација на туѓи агенди кои што не потекнуваат од заедничкиот интерес на македонскиот граѓанин кој што не гласал за тие платформи ниту им дал легимитет.

На тој начин не се остава простор политичари од соседни земји да лицитираат со бројки, а Манифестот се осврнува и на одржувањето на Попис. Не постои причина зошто било која партија во Македонија не би се согласила дека Пописот треба да се спроведе без одлагање и со цел квалитетно планирање на политиките како и за конструктувен дијалог на меѓуетнички теми. Пописот кој што треба да се реализира мора да е статистичка, а не политичка операција. Затоа е потребно Пописот строго да се води според методологијата на Европска Унија, според методологијата на „Еуростат“ и Обединетите Нации, вклучително да има и механизам за контрола на постојано место на живеење и престој во државата, како и гаранција за автентичност на лични податоци и потврда на идентитет на лицата преку дигитализација на отпечатоците.

Ова се отворените теми од Манифестот кои што може да не обединат.

Со прифаќањето на Манифестот, Република Македонија ќе покаже дека е земја со исправена кичма, дека Република Македонија е заштитник на сите нејзини граѓани.

Поради овие причини, почитувани присутни, народот е на нозе!

И заради овие причини Македонија се буди!

поврзани објави

Последни објави