6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Бушати негира дека постои Тиранска Платформа

Актуелниот министер за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати во интервју за порталот Јурактив порачува дека не постои Тиранска Платформа, туку документ напишан од страна на три од четирите албански партии кои се дел од Собранието во Република Македонија.

Тој договор е подджан од страна на Албанија, а во него пред се стои да се задржи Македонија обединета, да има подобра меѓуетничка хармонија во духот на Охридскиот договор, да се спроведе Договорот Пржино, како и деблокирање на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Бушати извади и неколку чудни и јасно неточни информации, тврдејќи дека една третина од населението што живее во Македонија се Албанци, кои што се ориентирани про-европски и про-НАТО.

Тој меѓудругото истакнува и дека Албанија е една од првите држави кои ја признаа Македонија и никогаш не било донесено под знак прашалник тереторијалниот интегритет на Македонија.

поврзани објави

Последни објави