Новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ доби честитка и од претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер.
„Ова гласање на доверба покажува дека народот на Србија целосно го поддржува европскиот пат што сте го избрале и што ќе доведе до членство во ЕУ. Ви посакуваме успех во понатамошното чекорење по овој пат, преку промоција на реформите поврзани со тековниот процес на пристапување, а кои ќе донесат подобар живот за сите граѓани. Стабилни и функционални институции, владеењето на правото и борбата против корупцијата се клучни за понатамошни позитивни економски движења. Ние сме убедени дека ќе продолжите да промовирате соработка и помирување во регионот, што е од суштинско значење за стабилноста, мирот и просперитетот. Вашата решеност, исто така, ќе биде клучна за да се продолжи со напредокот во дијалог меѓу Белград и Приштина, кој олеснет од ЕУ“, се вели во честитката од челниците на Европската унија до Вучиќ.