13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

РСБСП: Казна од 45 евра ако возите без зимна опрема

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денес излезе со важно соопштение за сите оние кои во овој период ќе патуваат.

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење на зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, на секој возач што постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден патен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода, потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полициски службеник, според законските одредби, ќе му нареди на возачот да го прекине натамошното движење на возилото ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

Исто така, полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави зимската опрема на возилото. Обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата почна да важи од 15 ноември 2016 година, а ќе трае до 15 март 2017 година.

поврзани објави

Последни објави