БАЈДЕН УВЕРЕН: Ќе го победев Трамп доколку останев во трката
Американскиот претседател Џо Бајден смета дека би можел да извојува победа против поранешниот претседател Доналд Трамп ако решеше да остане во претседателската трка, наместо да се повлече во корист на потпретседателката Камала Харис.
Во интервју за „USA Today“, Бајден истакна дека иако ваквата изјава може да изгледа „самоуверена“, неговата прогноза е заснована на анкетите кои покажувале дека имал реални шанси да го победи Трамп. Сепак, непосредно пред да ја донесе одлуката за повлекување, анкетите укажувале на негов заостаток зад Трамп.
„Верувам дека можев да ја добијам битката, но поддршката за Камала беше најдобриот чекор за иднината,“ изјави Бајден.