6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Рекордна продажба на Тесла автомобилите во 2017. година

Калифорнискиот произведувач на луксузни електрични автомобили испорачал во првите три месеци до 2017. година 25.000 возила што досега е рекорден продажен резултат во еден квартал.

Од вкупните 25.000 испорачани возила, 13.450 се модел С, додека останатите се СУВ Модел Х. Од Тесла велат дека уште 4.650 автомобили се комплетирани и спремни за испорака и ќе се сметаат во следниот квартал на продажба од април до јуни.

Наскоро се очекува да се објават и финансиските резултати од првото тромесечије, но преелиминарните информации велат дека компанијата повторно би можела да претрпи загуба иако има рекордна продажба.

 

поврзани објави

Последни објави