
Ливер Комплекс – препарат од врвен светски бренд за регулација на
хепаталните ензими АСТ и АЛТ и за општо здравје на хепарот (овде не се
работи само за вредноста на препаратот, туку и за потврдата на неговиот
квалитет, заради производството од врвна германска компанија).
Во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“, сведоци бевме на жестока дебата меѓу професорот Петар Богојески и професорката Мирјана Најчевска. Темата предизвика тензии, кои кулминираа со предвремено напуштање на студиото од страна на Најчевска.
Размената на мислења започна со критика од страна на Богојески кон ставовите на Најчевска, посочувајќи дека нејзината визија за национализација е ретрограден концепт кој, според него, би можел да се вклопи само во системот на ССР, но не и во современата Европска Унија.
„Вие се изгубивте, вечерва не знаете што говорите, и искрено ми е жал за вас. Сте ја изгубиле идеолошката матрица,“ истакна Богојески во текот на дебатата.
Најчевска, очигледно вознемирена, не успеа да одговори со конкретни аргументи, по што премина на лични навреди кон соговорникот. Овој потег предизвика реакции од публиката и останатите учесници, а емисијата ја напушти пред нејзиниот крај.