Од ВИП ложа заедно со претседателот на Републиканската партија, Мајкл Ватли и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, Претседателот на владата, Христијан Мицкоски ги проследи инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп.

Ливер Комплекс – препарат од врвен светски бренд за регулација на
хепаталните ензими АСТ и АЛТ и за општо здравје на хепарот (овде не се
работи само за вредноста на препаратот, туку и за потврдата на неговиот
квалитет, заради производството од врвна германска компанија).
Премиерот во рамки на посетата на САД продолжува со многубројни средби со високо позиционирани луѓе и ги промовира економските можности на Македонија пред инвеститорите.
Мицкоски се сретна со претставници на организацијата „Македонија2025“, тој вели дека без разлика каде и да сме низ светот, борбата е секогаш насочена кон подобра држава.
„Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите“, напиша Мицкоски
По инаугурацијата на Трамп, на свеченоста „Гласови на слободата“ организирана од комапниите „Трамп Медиа“ и „Рамбл“, премиерот остварил средба со Ден Бонџино еден од најблиските соработници на Претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.
„Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и администрацијата на Претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкурентно образование, брзорастечка економија…, нашиот глас е се посилен!“ вели премиерот
Не изостана и разговорот со канадскиот бизнисмен со македонско потекло, Ендру Пејкоф основач и Претседател на „Нијагара Ботлинг“. Премиерот вели дека инвестициите на токму оваа компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари се добредојдени во државата.
„Инвестициите на Нијагара Ботлинг во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во Светот. Обновуваме но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне Македонија да биде повторно горда и ваша!“ напиша Мицкоски
Претседателот на владата, Христијан Мицкоски беше единствениот лидер од Балканот на инаугурацијата на 47-миот претседател на Америка, Доналд Трамп.
Премиерот учествуваше и на прединагурациската свеченост МАГА- бал кој се приредува од поддржувачите на американскиот претседател Трамп.
Во Вашингтон премиерот оствари значајни средби како со Крис Павловски, сопственик на групацијата Рамбл, Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба и актуелен претседателски пратеник за специјални мисии и политика, Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на Трамп, како и со највлијателните конзервативни американски новинари, Такер Карлсон и Мегин Кели.