fbpx
-2.2 C
Skopje

Windows 7, убедливо најпопуларен оперативен систем во светот

АКТУЕЛНО

Последните податоци на компанијата „НетМаркетШер“ потврдуваат доминација на Windows 7 оперативниот систем. Без оглед што Мicrosoft се обидува на секој начин да го симне од тронот, сепак Windows 7 нема конкуренција.

Од последните обработени податоци на „НетМаркетШер“ кои ги вклучуваат се до март оваа година, Windows 7 апсолутно доминира на глобалниот пазар за оперативни системи.

Windows 7 во февруари сочинувал 48,49 % од вкупниот светски пазар на оперативни системи, а во март тој процент достигнал до 49,42 %. На второ место е очекувано Windows 10 со 25,36%. Стандардниот Windows XP се уште се држи со 7,44% и покрај пензионирањето од пред три години.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -