11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прифаќа Тиранска Платформа, а е против Манифестот

ВМРО-ДПМНЕ пред неколку денови презентираше Манифест како понуда за СДСМ за излез од политичката криза во државата, но откако не добија одговор, излегоа со ново соопштение во кое порачуваат дека СДСМ ја прифатиле Тиранската Платформа, но не и нивниот Манифест.

Во продолжение целото соопштение до јавноста:

Само народот на Република Македонија може да одлучува во каква земја сака да живее. Само народот може да одлучува дали сака суверена и унитарна Македонија која се гордее со мултиетничноста или федерализирана, бинационална држава.

Ваквата одлука народот ја носи на избори, а не со подметнати постизборни платформи изготвени и потпишани во туѓи држави.

На Република Македонија и треба обединување околу највисоките државни и национални интереси.

Јавноста секојдневно е сведок на негаторски изјави насочени кон Македонија и нејзиниот идентитет, кои доаѓаат од творецот на Тиранската Платформа, неговите министри, коалициони партнери, но и од факторот од кој ќе зависи идната Влада на Заев, Зијадин Села.

На сите овие изјави СДСМ молчи и премолчено ги одобрува ваквите политики и ставови насочени против Република Македонија.

На Република Македонија неопходно и е обединување околу највисоките национални и државни интереси.

Тоа го нуди Манифестот за Единствена Република Македонија, кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ во интерес на државата.

Манифестот за Единствена Република Македонија повикува на национално обединување на сите граѓани, верски организации, партии и општествени чинители.

Темел на Манифестот е обединување околу државните и национални интереси и зачувување и промоцијата на националниот, културниот и јазичен идентитет на Македонците и граѓаните од останатите етнички групи и заедници.

СДСМ молчи околу Манифестот кој обединува и сплотува, а прифати да ја реализира Тиранската Платформа која разединува.

Дали на СДСМ му пречат принципите за владеење на правото? Бидејќи наместо владење на правото и правната држава сакаат заробена држава под плаштот на СДСМ и нивните роднинско кумовски врски во правосудниот систем по примерите: Медарски, Бубевски и СЈО.

Дали можеби СДСМ е против спроведување на попис на население? Дали со тоа намерно се остава отворена врата на политичарите од соседството да лицитираат со бројки и да се поткусуруваат со Република Македонија.

СДСМ е против овој обединувачки Манифест, а е за Тиранската Платформа која пропагира бинационалност, двојазичности и конфедерализам.

Со прифаќањето на Манифестот, Република Македонија ќе покаже дека е земја со исправена кичма и високо изградена национална свест и чувство на грижа за сите нејзини граѓани.

СДСМ е против сплотеност и взаемен просперитет на Република Македонија и сите нејзини граѓани.

Токму затоа народот е на нозе !

Токму затоа Македонија се буди !

поврзани објави

Последни објави