6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Роналдо: Сер Алекс ми пријде и ми рече дека сака јас да ја носам славната седумка

Кристијано Роналдо открива дека бил изненаден кога сер Алекс Фергусон му рекол дека тој сака да ја носи славната седумка во дресот на Манчестер Јунајтед.

„Требаше да го носам бројот 28 таа сезона, но неколку дена пред почетокот на првиот натпревар сер Алекс ми пријде и ми рече дека тој сака јас да ја носам седумката на грбот. Бев изненаден бидејки знаев кои се великани го носеа дресот со тој број“, открива најдобриот фудбалер на денешницата.

Португалецот како осумнаесет годишно момче пристигна на Олд Трафорд, за да после шест години во најтрофејниот англиски клуб освои три премиерлигашки титули, Лига на шампиони, Фифа клупско првенство, ФА куп, два лига купа и Комјунити Шилд, како и својата прва Златна топка од вкупните четири.

„Уживав на Олд Трафорд, го живеев својот сон. Беше тоа почетокот на мојата успешна кариера. Во Манчестер не напредував само на фудбалски план, туку и на физички план. За поминатото време таму научив што е уметноста на фудбалот и освоив многу трофеи. Навистина се беше како во сон“, заклучи Роналдо.

поврзани објави

Последни објави