Студентите за денеска најавија 24-часовна блокада на Автокоманда, еден од најголемите сообраќајни центри во Белград и ги повикуваат граѓаните да им се придружат на овој митинг, кој уште еднаш ќе ги потсети на барањата на кои протестираат веќе два месеци.
Најавената 24-часовната блокада на влезоот во Автокоманда, ќе предизвика целосен сообраќаен колапс во Белград
На студентите им се придружуваат голем број граѓани, а сообраќајот е затворен во центарот на градот.
Студентите во Србија организираат 24-часовна блокада на Автокоманда, еден од најважните сообраќајници во Белград.
На студентите им се придружуваат голем број граѓани, а сообраќајот е затворен во центарот на градот.
За време на блокадата, студентите ќе одржат 15-минутен молк за жртвите од трагедијата во Нови Сад, како и различни активности како спорт и готвење.
Денешната блокада е еден од низата протести организирани од студенти кои бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад.
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека оваа блокада е незаконска, но ја повика и полицијата да го обезбеди собирот.