-5.2 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

Перински во Гостивар: Со изменет закон до поодговорни градоначалници и посреќни граѓани

На добар пат сме да креираме изменета, квалитетна и издражана законска рамка на Законот за локална самоуправа, која ќе одговори на потребите на локалните самоуправи и на граѓаните, а која ќе биде усогласена со позитивните европски практики применливи кај нас.

Денеска во Гостивар се одржа третата консултативна средба на која присуствуваа градоначалници, експерти вклучени во процесот и граѓани, што е исклучително битно со оглед на тоа дека можност за предлози и сугестии имаат сите засегнати страни.

Нашата мисија е јасна – подобрување на услугите што ги испорачуваат општините за поквалитетно секојдневие на граѓаните.

Убеден сум дека и денешната размена на идеи, иницијативи и коментари ќе помогне во усовршувањето на реформите што ги подготвуваме во насока на поефикасна и отчетна локална власт, а од која најголемата придобивка ќе имаат граѓаните.

#ЗлаткоПерински

поврзани објави

Последни објави