Иако неговото име досега не се споменува меѓу можните кандидати за градоначалник на Скопје, искуството, знаењето, упорната работа и професионалноста на Коце Трајановски можат да го издигнат како сериозен кандидат во трката за челната позиција на главниот град. Со своето богато искуство на оваа функција и бројни реализирани проекти, Трајановски се истакнува како човек кој ја познава динамиката на градот и потребите на неговите жители.
Во меѓувреме, амбицијата за градоначалничката функција во Скопје пројавуваат и други имиња од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како што се министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
Овие функционери носат нова енергија и амбиција, но останува прашањето дали Трајановски, со своето искуство, претходни резултати и докажана работа, може да исплива на површина како посериозен кандидат и да се врати на чело на Скопје.
Сепак, крајната одлука останува во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство, предводено од премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе го даде завршниот збор за тоа кој ќе биде кандидатот на партијата за прв човек на главниот град.