7.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

„Ако утре ме нема… немој да ме жалите“ – но како да не ве жалиме, кога срцата ни се кинат?

Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите…

Никој не можеше да замисли дека овие зборови, испеани со толку емоција од Андреј и ДНК, ќе станат сурова реалност. Андреј, нашиот Андреј, не само што ги пееше зборовите, туку и го живееше нивното значење. Храбар до последен здив, се врати во пламенот за да спаси животи, без да размислува за сопствениот. И таму, меѓу чадот, огнот и паниката, неговиот живот згасна – но не и неговата храброст.

Згаснаа 59 млади животи. 59 соништа што никогаш нема да се остварат. 59 приказни што никогаш нема да бидат раскажани. Стампедото, чадот, паниката – не требаше да се случат. Колку е сурово да се каже „можеше да се спречи“ кога веќе е предоцна. Но токму затоа, оваа трагедија не смее да остане само бројка во црните статистики.

Доволно беше! Колку уште вакви „несреќи“ треба да се случат за конечно да ставиме РЕД? Колку уште животи треба да изгубиме за да сфатиме дека безбедноста не е опција, туку ОБВРСКА?

Системот мора да се рестартира. Не утре, не следниот месец – ТУКУ СЕГА. Мора да престанеме да молчиме. Мора да престанеме да се лажеме дека „ова не е до нас“. МОРА да го трасираме патот на тоа во каква држава сакаме да живееме.

И секогаш кога ќе ја слушнеме „Ако утре ме нема“, ќе знаеме дека нејзиниот наслов не е само песна. Тоа е животна приказна. Херојска, трагична, но и предупредување. За Андреј. За 59-те ангели. За сите нас што сме уште тука.

🖤 Почивај во мир, Андреј. Почивајте во мир, млади души. Ние нема да ве заборавиме. 🖤

поврзани објави

Последни објави