Ковачки: 9 Мај е ден на слободата, достоинството и европската иднина
На овој светол 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, со гордост се поклонуваме пред хероите кои со храброст и жртва ни ја подарија слободата. Нивната борба останува вечен потсетник дека љубовта кон татковината, единството и достоинството се темелите врз кои се гради иднината.

Нека овој ден не обедини во надеж, мир и верба во Македонија горда, силна и европска. Да ја чуваме слободата со мудрост, да ја сакаме татковината со срце и заедно да создадеме подобра иднина за генерациите што доаѓаат.
Нека е вечна славата на хероите и нека е вечна Македонија!


