Руската поштенска служба на московскиот аеродром „Внуково“ откри пратка со муниција, наменета за носење во северниот град Норилск, јави прес службата на рускиот поштенски оператор, цитирана од ТАСС.
„При проверка на поштенскиот багаж со помош на специјална скенер опрема службениците од одделот за превоз на пошта, заедно со службата за воздухопловна безбедност, во пратка од Москва за Норилск открија муниција за сигнален пиштол, како и обвивка за граната“, рече портпаролот на прес службата.
Пакетот е конфискуван, а на местото на пронаоѓање на сомнителната пратка повикани се службеници на истражните органи.