Можеше да се види излезот кај е, меѓутоа има како две бариери за излез, има еден излез кој не е до конечната врата. На двата излезе се направи блокада. За среќа кога почна чадењето, неколку луѓе успеавме да бутнеме еден ѕид, од кој група на луѓе успеа. Еве јас лично излегов преку билетарата, а не преку главниот влез, вели советникот Крстевски кој е еден од преживеаните во дискотеката.
Другите не приметија, сите снимаа, на сите им беше на шега, бидејќи не мислеа дека ќе се прошири толку брзо. Се задржаа, не излегоа веднаш надвор. Прв ПП апарати земал еден од сопствениците, кои претходно се потпирал на еден од шанковите, се вели во емисијата „Претрес“ со Ландов.
Во трката да се стигне надвор, пробувале да излезат и од тоалетите каде што за жал имало решетки.