Кочани се соочува со незапаметена трагедија, а според зборовите на жителите, градот изгледа како воена зона. Последиците од оваа катастрофа се огромни, оставајќи многу семејства во тага и неизвесност. Иван Ивановски, еден од граѓаните кој се вклучил активно во помошта, сведочи за огромната болка што ја носи оваа ситуација.
„Не можам да ви опишам колку е голема оваа катастрофа. Луѓето што ги познаваме изгубија блиски, секој ден слушаме за некој кој останал без семејство. Ова не е нешто што ќе се заборави лесно“, вели Ивановски.
Во обид да им помогне на настраданите, тој со својата екипа ја основал платформата Support Kocani, која овозможува директна помош на семејствата во потреба. Преку оваа иницијатива, луѓето можат да донираат финансиски средства директно на сметките на погодените граѓани, без посредници и комплицирани процедури.
„Нема да се откажеме, верувајте. Додека сум жив, нема да дозволиме Кочани да потоне уште повеќе. Ова мора да биде најниската точка од која сите заедно ќе почнеме да се издигнуваме. Солидарноста е единствениот излез“, додава Ивановски.
Во моментов, преку платформата се собрани 12 милиони денари, а волонтерите неуморно работат за да ги распределат донираните средства на оние на кои им се најпотребни. Од првиот ден, целта била да се најде брзо и ефикасно решение, бидејќи многу семејства морале да земат брзи кредити или да позајмуваат средства за да преживеат.
„Работата на Support Kocani е едноставна – ние само направивме платформа што ги поврзува луѓето. Тие што имаат потреба од помош и тие што сакаат да помогнат сега можат полесно да се најдат меѓусебно“, објаснува Ивановски.
Секој што сака да помогне, може да го стори тоа преку веб-страницата Support Kocani, каде што се достапни детални информации за настраданите семејства и начините за донација. Оваа иницијатива покажува дека и во најтешките моменти, човечноста и солидарноста остануваат најважни вредности на нашето општество.
– Вчера на еден човек детето што му е во Анкара, дојде во Кочани, да остави полномошно, за да продаде целиот свој имот, станови, возила за своето дете. Кај него неговата ситуација тој вели дека на детето му е зафатено целото лице. Јас како што гледам, разбирам дека тие што се тука, се многу подобри. А оние кои што се подалеку, се потешки случаи. Таму работат над 20 волонтери, јас не сакам заслугата да ја преземам. Точно е дека јас сум најизложен, но сакам преку моите излагања, да има поголем импакт. Главна цел е да собереме што повеќе средства. Отприлика до вчера имаме соберено 12 милиони денари. Морам да објаснам како функционира страницата и каде легнуваат средствата за да нема забуна. Работата беше – од првиот ден решението што го размислувавме, на кој начин да биде. Проблем беше што средства до тој момент никој немаше добиено. Луѓето земаа брзи кредити или позајмици од други луѓе. Потоа државата излезе во пресрет, но ние сакавме и покрај таа помош, да најдеме брзо решение со кое што на нив преку социјална мрежа со нивни информации ќе добијат донации директно на нивните сметки.