Има многу супер-херои во Кочани. Луѓе биле по дома, добиле повик, некои дошле од дома со гас маски за да ги вадат луѓето. Некои од нив се починати, ете ќе го спомнам Александар кој ми е колега. Вика – имал среќа, бил до шанкот да пијат шотови, а тој е поблизу до излезот. И во таа ситуација кога почнало да гори биле поблизу до излезот и излезеле побрзо. После тоа се враќале назад. Хорор била ситуацијата, вели Иван Ивановски.
Во меѓувреме на фејсбук страницата Лабавко излезе многу потресен текст за сите херои во оваа лоша ситуација и трагедија во Кочани. Во продолжение ви го пренесуваме нивниот статус:
❗❗❗За вистинските херои од Кочани – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не ги спомнува👇🏻
❤️-За мајката на која и пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина и се поради два дена подоцна
❤️- За шоферите на Брзата помош од кој едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново
❤️-За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале
❤️-За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница
❤️-За дечките од Црвениот крст, пред се од Кочани
❤️-За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко
❤️- За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на протовпожарни камиони
❤️-За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и за жал починати.
❤️-За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје
❤️-За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него
❤️-За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис… и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници.
❤️-За родителите кои го загубија второт свое дете откако пред неколку години во странство и беше убиена и ќерката
❤️-За родителите на чии раце пред болницата на клупа и починаа децата
❤️-За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои за жал се лечат во странство и се во тешка ситуација понатаму.
❤️-За ќерката на обвинителот која истот така се бори за живот
❤️-За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој се спасиле многу
📢Има уште многу бројни знајни и незнајни херои на дело, а не на рекла казала и желни за лајк повеќе и медиумско внимание. Затоа не долевајте сол на раната, особено не на нереални и преувеличени работи во момент кога тагата е огромна, а истата тага може да премине и во револт🕯️🪽