6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Во Хрватска промовиран документарниот филм „Македонскиот идентитет низ историјата“

Во Градската библиотека на Пула, Република Хрватска, е промовиран документарниот филм „Македонскиот идентитет низ историјата“ изработен од студенти на Факултетот за образовни науки – насока историја при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Промотор е Ѓорѓи Ефремов, студент на Факултетот и дел од Еразмус програмата за мобилност.

Поводот за ваквата манифестација е програмата на Ефремов за активности за време на неговиот тримесечен престој во Пула како практикант во друштво на Македонците „Македонски културен форум“ чиј претседател е писателот и новинар Алдо Климан. Дополнителна причина е и јубилејот, 10 години од постоењето на УГД-Штип.

Ефремов за време на престојот во Пула ќе одржи уште три предавања за македонската историја, а завршната работа ќе биде изработка на историјатот на македонската заедница поткрепен со аудиовизуелен материјал кој ќе биде објавен во Македонија.

поврзани објави

Последни објави