Еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва од пред канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов им се обрати на протестантите против „Тиранската“ платформа.
„И денес и тука сме да му одадеме почит на претседателот Ѓорге Иванов кој што и вчера при средбата со Туск јасно и гласно повтори дека ќе ги брани државните и националните интереси на Македонија и нема да даде да се формира на влада која нема да се откаже од Тиранската платформа. Го охрабруваме како и секој ден и не смее да попушти ниту на еден притисок“, рече Илиевски.