3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Владата позајми 16 милиони евра, утре ќе врати 14 милиони

И оваа недела Владата се задолжи кај домашните кредитори. Таа позајми близу 16 милиони евра, за околу два милиони евра повеќе од она што го најави и од она што утре треба да го врати по основ на стари обврски. Најголем дел од позајмените пари, 12 милиони евра, ќе треба да се вратат после една година, а околу 4 милиони  ќе се исплатуваат во следните 15 години.

Министерството за финансии пред четири дена демантираше дека јавниот долг на Република Македонија надминал пет милијарди евра. Министерот Кирил Миноски во соопштение испратено до медиумите, обвини за политички мотиви за објавување на овој податок, кој го регистрираше интернет страната Јавендолг.мк.

Според сајтот Јавен долг, Македонија е задолжена со 53,22 проценти од БДП, а според министерството, вистински се само бројките објавени на нивната веб страница. Тие ја демантираа и информацијата дека  ја промениле методологијата за пресметка на долгот. Тврдат дека тој изнесува 4,71 милијарда евра или 47,8 отсто од БДП.

поврзани објави

Последни објави