Денес во Белград е закажан голем митинг “Не ја даваме Србија“ во организација на претседателот на државата Александар Вучиќ и движењето за Србија кое тој го предводи.
Митингот е одговор на студентските протести кои во меѓувреме прераснаа во пратиски и на кои се бара формирање на техничка влада и дистанцирање на Србија од процесот на осамостојување на Косово, дистанцирање од процесите во Република Српска и блокада на Русија.
Се очекува на митингот да бидат присутни над 150.000 граѓани, не само од државата Србија туку и од регионот кои ја поддржуваат политиката на Вучиќ и српските власти.
Голем број граѓани од Македонија се упатија кон Белград на денешниот собир „Србија нема да ја дадеме“. Вкупно 11 автобуси тргнаа кон Белград, а нивната порака е: Поддржете ја Србија!.