Првата дама на САД веќе може да се пофали и со својот официјален портрет. Меланија Трамп позира за прва фотосесија како сопруга на претседателот Доналд Трамп, во црна тоалета.
Она што сепак од тимот не го сокриле и очигледно немале намера да го прикријат, е огромниот нејзин дијамантски прстен, подарок од поранешниот бизнисмен. Ако не ве заслепат блескавите зелени очи на Меланија, тогаш дијамантот сигурно!
Во пораката кон портретот Мелани го вели следново: „За мене е чест да бидам во улогата на прва дама и со нетрпение очекувам да работам од името на американскиот народ во идните години.“