20.8 C
Skopje
Wednesday, May 21, 2025

Мицкоски со честитка за денот на македонската полиција: Вие сте срцето на безбедна Македонија

Со длабока почит и искрена благодарност, ви го честитам 7 Мај – Денот на македонската полиција!

Ова е ден кога ја славиме храброста, пожртвуваноста и беспрекорната посветеност на сите припадници на полицијата кои, без двоумење, секојдневно стојат на првата линија за безбедноста на нашата татковина. Вие сте чувари на редот, на мирот, на достоинството на државата и на секој граѓанин.

Вашата работа е тивка, но одекнува гласно кога спасувате животи, кога штитите семејства, кога обезбедувате улици и граници. Полицијата не е само униформа, таа е симбол на доверба, сила и правда. Вие сте срцето на безбедна Македонија.

Владата останува доследна на својата заложба да вложува во човечкиот капитал, во вашата сигурност, достоинство и мотивација. Затоа, со зголемувањето на платите за 10%, со исплатени бонус плати, нови униформи и опрема, ја потврдуваме нашата решеност да ја вреднуваме вашата работа не само со зборови, туку и со дела. Зошто стабилна и силна полиција значи стабилна и силна држава.

Нека ви е честит и вековит Денот на македонската полиција! Ви посакуваме здравје, успех и сила во секој нареден предизвик. Македонија ви е благодарна!

поврзани објави

     

Последни објави