Се сеќаваме и не смееме да заборавиме, како изгледаше нашето секојдневие пред неколку години. Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ.
Сакам денес, јавно и гласно да кажам:
Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите, без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен.
Ние денес испраќаме силна порака: нема компромис со криминалот!
Одлучни сме, како Влада, како институции, но пред сè како општество, дека оваа борба мора да се води со целосна посветеност, со вистински партнери и со чисти раце.
Вашата мисија е света, да чувате поредок, но и да вратите доверба кај народот.
Со вашата работа, посветеност и пожртвуваност, неправдата останува без простор. Таа се повлекува пред чесната, решителна и модерна полиција.
Среќен Ден на македонската полиција!