Над 50 лица биле повредени во вторникот при судири со органите на редот за време на протестен марш на опозицијата во венецуелската престолнина Каракас, соопшти претседателот на опозицијата Хулио Борхес.
Демонстрантите оделе кон парламентот, но нивното движење билo спреченo од полициски.
Борхес истакнува дека 80-годишен маж бил ранет во окото, а 39-годишна жена добила прострелна рана. Од задушлив гас настрадале неколку пратеници од парламентот на земјата и еден од лидерите на опозицијата, гувернерот на државата Миранда Енрике Каприлес. Приведени се повеќе од десет лица.