Денеска заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, присуствувавме на најголемата воена вежба во Криволак, на која се одржува најголемата мултинационална вежба годинава – „Immediate Response 25“, дел од серијата „Defender Europe“, со учество на над 2000 војници од земји сојузнички на НАТО.
Криволак станува клучна точка на меѓународната одбранбена соработка и центар каде ја зацврстуваме нашата интероперабилност која е клучот за безбедна Алијанса.
Како Влада, остануваме посветени на поддршката и унапредувањето на нашата Армија. Силен, подготвен и професионален одбранбен капацитет е гаранција за стабилноста и безбедноста на државата.









