10.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Атанасовски со силен чекор напред: Асфалтирана „Ковачевска“, стартуваат нови 5 проекти за рурална поврзаност!

Асфалтирана е улица Ковачевска во должина од 550 метри, со што трајно се решава еден од клучните инфраструктурни проблеми на жителите од овој дел на Стара Каменица.

Паралелно со овие активности се работи на изградбата на улица Питу Гули, а Општина Македонска Каменица веќе аплицираше со пет нови проекти на јавниот повик на Министерството за локална самоуправа:
🔹 Спој Косевица – Моштица + крак до Горанска маала (2.220 м)
🔹 Спој с. Цера – с. Саса (1.987 м)
🔹 Локален пат до маало Гребење, с. Цера (1.347 м)
🔹 Локален пат до Ефендиско маало, с. Луковица (463 м)
🔹 Локален пат до Паровско маало, с. Косевица (1.222 м)

Реализацијата на овие проекти ќе започне во текот на летниот период, а нивната изградба ќе овозможи подобра поврзаност, повисоко ниво на мобилност и побезбеден пристап, првенствено до домовите и имотите на жителите од нашите рурални средини.
Упатувам искрена благодарност до премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, за визијата и поддршката која ја дава на локалниот развој и рамномерен напредок на Општина Македонска Каменица и на сите општини во државата. Благодарност и до министерот за локална самоуправа, Златко Перински, за континуираната соработка и разбирањето за потребите на нашата општина.
Нивната посветеност овозможува реализација на повеќе значајни проекти кои директно го подобруваат животот на граѓаните – не само во урбаните, туку и во руралните средини. Со нивната поддршка, Македонска Каменица чекори напред со сигурни и конкретни чекори.
Како ваш градоначалник, останувам посветен на подобра инфраструктура и подобар живот за сите нас. Заедно градиме подобра Македонска Каменица!

поврзани објави

Последни објави