fbpx
29.8 C
Skopje

Вестбрук го достигна Робертсон и се запиша во НБА историјата со 41 трипл-дабл во сезоната

АКТУЕЛНО

Расел Вестбрук продолжи со своите одлични игри и синоќа испиша историја откако најдобриот играч на Оклахома Сити Тандер го оствари својот 41. трипл-дабл во оваа сезона.

Вестбрук го заврши овој меч со 12 поени, 13 скока и 13 асистенции, со што го израмни неверојатниот рекорд на Оскар Робертсон од 41 трипл-дабл во една натпреварувачка сезона 1961-62. Извонредниот Расел ќе има можност и целосно да го урне овој рекорд ако се знае дека Оклахома има уште пет натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната.

 

Резултати од синоќешните дуели воНБА: 

Вашингтон – Шарлот 118-111, Кливленд – Орландо 122-102, Филаделфија – Бруклин 118-141, Индијана – Торонто 108-90, Оклахома сити – Милвоки 110-79, Јута – Портланд 106-87, Сан Антонио – Мемфис 95-89 (по продолженија), Њу Орлеанс – Денвер 131-134, Њујорк – Чикаго 100-91, Сакраменто – Далас 98-87, Голден стејт – Минесота 121-107.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -