Кина има богата архитектонска историја и претставува дом на некои од најчудните архитектонски концепти кои некогаш се изградени.
Има многу нешта кои Кина ја прават единствена, уникатна земја, но лудата архитектура која ја има Кина е сигурно едно од нив!
До пред околу 20. години зградите во Кина конкретно беа плоштади без никаква креативност или препознатлива архитектонска генијалност.
Времињата се менуваат, а Кина стана една од земјите со исклучително препознатлива архитектура, но за многумина и чудна.
Ова се 7. најчудни градби во Кина:
1. „Стар Трек Ентерпрајс“
Во оваа зграда е седиштето на софтверската компанија „ДрагонНет“, и е моделирана по „УСС Ентерпрајс“.
Финансиската сума за нејзината изградба изнесува 97 милиони долари.
2. ПИАНО КУЌА – ХУАИНАН
Оваа куќа се наоѓа во Хуаинан. Таа била изградена од страна на студенти кои студираат архитектура на „Хефеи“ универзитетот за технологија во 2007. година, а денес служи како изложбен салон.
Посебен впечаток остава главниот дел на куќата во кој може да се пристапи преку скалила во стаклената виолина.
3. Седиште на Кинеската централна телевизија.
Зградата има 54 ката и уникатен, геометриски дизајн.
4. Лотос зграда
Оваа зграда остава впечаток како да излегува од водата. Изградена е од „Студио 505“, Австралиска архитектурска фирма и е моделирана по Лотус цвеќињата, а претставува седиште на Бирото за планирање на градот.
Влезот на зградата може да се најде под езерото и внатре има соби за средби и состаноци, конференциски центри и сали за изложби.
5. Прстен на животот – Фушун
Оваа прекрасна структура се наоѓа во Фушун, Кина. Нејзината изградба чини 16 милиони долари.
6. Пекинг Тианзи Хотел
Овој хотел, исто така познат како „Син на Небото“, влезе во Гинисовата книга на светски рекорди како „најголемата слика на зграда“. Трите џиновски фигури прикажани на фасадата на зградата се боговите Лу, Фу, и Шу.
7. Шератон Хотел
Во облик на потковица, Шератон изгледа како да излегува од водата. Зградата на 27 ката направени од стакло и челик, има неверојатен и спектакуларен поглед, но и импресивно светлосно шоу.