fbpx
11.8 C
Skopje

TCL го претстави новиот Blackberry Mercury со Android оперативен систем

АКТУЕЛНО

Кинескиот производител TCL неодамна се договори со Blackberry да биде задолжен за хардверот кај новите паметни телефони на канадскиот бренд. Mercury е првиот од таа серија на смартфони, кој во традицијата на компанијата има хардверска QWERTY тастатура, но за него нема дополнителни официјални информации.

За среќа, веќе протекоа неколку информации за овој смартфон. Според нив, тој ќе има дисплеј со големина од 4,63 инчи и резолуција од 1620х1080 пиксели, Snapdragon процесор (претпоставувам од серијата 600), 3 GB рам и 32 GB простор. Ова го става во средната, односно средно високата класа, каде во моментов владеат голем број на кинески паметни телефони.

Сепак, главната карактеристика на Blackberry Mercury е хардверската тастатура, која настрана смартфоните на канадскиот производител, ја нема во ниту еден друг паметен телефон и истата се уште има следбеници, особено кај бизнис корисниците. Интересно, на “Space” копчето на тастатурата Blackberry (односно TCL) вградил и читач за отпечатоци на прстите, а целата тастатура може да се користи како своевиден тачпад, односно со лизгање на прстот преку неа да се скрола на дисплејот погоре.

Однадвор уредот делува прилично квалитетно изработено, со мешавина на алуминиум и гума. Краевите на телефонот се делумно заоблени, што значи дека тој би требало да лежи добро во раката, а во долниот дел може да се види и USB Type-C приклучок, преку кој ќе се полни телефонот. Како и секој нов Blackberry смартфон и Mercury ќе доаѓа со вграден Android оперативен систем, со посебни подобрувања во делот на безбедноста и бизнис можностите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -