6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Голема експлозија во фабрика за огномети во Португалија, петмина загинати

Најмалку петмина луѓе загинаа, а тројца се водат како исчезнати, во експлозија која ја уништила фабриката за огномет во близина на градот Ламега во Португалија, пренесува BBC.

Сите жртви во експлозијата биле вработени во фабриката оддалечена околу 100 километри од главниот град, а меѓу загинатите е и сопственикот на фабриката.

Оваа фабрика за огномети била семеен бизнис, па се верува дека загинатите се членови на исто семејство.

„ Денеска се случи голема трагедија, навистина сме потресени“, накратко изјави градоначалникот на градот, Франциско Лопез.

поврзани објави

Последни објави