8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Нападнат Максим Димитриевски, пратеник на СДСМ

Ноќеска во Куманово, десетина лица извршиле физички напад врз пратеникот од СДСМ Максим Димитриевски.

Димитриевски за А1он  го потврди инцидентот и изјави дека лицата биле во алкохолизирана состојба, а меѓу нив имало и полицајци во цивилки.

Напаѓачите најпрво вербално го провоцирале Димитриевски и неговата сопруга, а потоа и физички го нападнале.

Случајот е пријавен во МВР.

поврзани објави

Последни објави