14.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

УТРИНСКИ ИНФОРМАЦИИ ОД ЦУК: Активни се три пожари, изгаснати се 24 пожари

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата до 06:30 часот активни се три пожари и еден е под контрола. Изгаснати се 24 пожари од вкупно 28 регистрирани пожари.

Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово каде од вчера, покрај екипи од земјава, дејствуваа и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ и словенечки пожарникари.

Според информациите на ЦУК, активни се и пожарите меѓу селата Галиште и Ќесендре во општина Кавадарци каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација и кракот од пожарот кон селото Градешница во општина Новаци.

поврзани објави

         

Последни објави