Главниот град на Шведска, Стокхолм е последната жртва на терористички напад, каде загинаа три жртви и има голем број повредени.
Штефан Лофвен, премиерот на Шведска истакна дека камионот кој влета во продавница во центарот на Стохолм е терористички напад, а неофицијално е уапсено едно лице.
Камионот кој се забил во продавница утрово, претходно бил украден, а медиумите во шведска пренесуваат и дека се слушнале истрели од огнено оружје.
На небото над Стокхолм летаат хеликоптери, а зголемено е нивото на безбедност од страна на полицијата.