10.8 C
Skopje
понеделник, октомври 27, 2025
spot_img

За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата Драчево

spot_img

За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата Драчево, најави денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид на активностите на терен.

Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат згрижени 75 дечиња.

– Во општина Кисела Вода листите на чекање се сведени на нула и сме една од ретките општини што се отворени за згрижување на дечиња од други општини, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи ова е 10-ти ваков објект, се прави уште едно проширување во Драчево, каде ќе се згрижуваат уште 60, а привршуваат и работите за градинката во Расадник, со капацитет од 125 дечиња.

Мицкоски најави дека ќе продолжат активностите за решавање на, како што рече, наследените проблеми со листите на чекање во градинките и недостигот на кадар.

– Главен наш приоритет ќе продолжи да биде изградба на инфраструктура, бидејќи демографијата е еден од водечките предизвици што ќе треба да ги совлада Владата, изјави Мицкоски.

поврзани објави

         

Последни објави