Министерот за здравство Азир Алиу најави дека од 15-ти наредниот месец приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат своите бази со информации, за државата да има целосен увид во здравствената патека на граѓаните. Тој рече дека веќе работи комисија за отстранување на законските пречки.
По изјавите на кардиологот Сашко Кедев за непотребни интервенции, ќе се формира независна комисија од тројца странски експерти (од различни европски земји, но не од соседството), чиј извештај ќе биде јавен и ќе послужи како патоказ за идните мерки. Контролите ќе почнат во приватните институции и ќе продолжат во јавните.
Алиу информираше дека во периодот 2019–2025 Министерството има база со податоци за сите кардиолошки интервенции, и дека во 2025 досега биле направени 493 во Охрид, 105 во Државна кардиохирургија, 1.488 во Кардиологија, 531 во „Систина“ и 939 во „Жан Митрев“.
Тој најави и дека наскоро ќе одржи средба со Кедев, а за инфраструктурните зафати во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ информираше дека треба да завршат за три месеци.














