Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа обраќање пред жителите на Македонска Каменица, нагласувајќи ја важноста на заедништвото и континуираната работа за развој на општината.
Во својот говор тој истакна:
Македонска Каменица е „срце, дом и гордост“ на жителите, а постигнатите резултати се плод на заедничка работа.
Поблагодари за силната поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека централната власт стои зад локалната самоуправа.
Нагласи дека се реализираат капитални проекти – нови патишта, училишта, спортски терени и детски катчиња, инвестиции што остануваат за идните генерации.
Секој граѓанин е важен – младите, студентите, пензионерите, работниците, професорите, лекарите и бизнисмените.
„Каменица отсекогаш била ВМРОВСКИ град и така ќе остане“ – порача кандидатот.
Посебно го истакна Гоце Стоиловски, носителот на советничката листа и долгогодишен борец за Каменица.
Очекува „најголема победа во историјата на општината“, како резултат на заедништво, работа и љубов кон градот.
На крајот од обраќањето, тој повика на обединување и сплотеност:
„Да продолжиме напред – за Каменица што блеска, што расте и станува подобро место за живот. Да живее Македонска Каменица, да живее Македонија!“