2.8 C
Skopje
недела, октомври 5, 2025

Ќе гласаш за Дубаи и Швицарска, или за Македонија?

Превземено од Вечер мк – целата колумна прочитајте ја на Вечер

Да почнам одозгора, па надоле, од Бога кон овоземното и приземното.

На 11 ноември во 2012 година е поставен камен темелник на новиот голем храм на Македонската православна црква ОА, Свети Константин и Елена во Скопје. Денес, на 28 септември 2025 година осветен е храмот, по својата оригинална архитектура и православна симболика – единствен во регионот.

Кон белегот на нацијата, кон моралот и етиката на македонската нација, и кон Бога вратен е голем долг, и поставен голем влог за идните времиња. Почнат под власт на ВМРО ДПМНЕ, завршен под нивно владеење.

На 22 февруари 2014 година поставен е камен темелник на автопатот Кичево Охрид. Летото во 2015 започна градба на експресниот пат од Градско до Прилеп, истата година почна градба и на новата зграда на факултетот ФИНКИ, студентски кампус и Ректоратот. На 3 март 2016 година поставен е камен темелник на нова Клиничка болница во Штип…

И, да не редам колку камен темелници се поставени на битни државни инвестиции: од болници, до патишта, универзитети и школи, градинки, слободни економски зони… ќе ни отиде денот во набројување.

Сето тоа, видно од датумите се само дел од објекти со најголемо значење за државата, кои се поставени од влада предводена од ВМРО ДПМНЕ. Седум години по заминувањето на таа влада ниту еден од наведените, а ни десетици други слични, не е завршен во време на владата предводена од СДСМ.

За автопатот Кичево Скопје СДСМ и ДУИ ја зголемија цената и трошоците за 320 милиони евра, ја дуплираа почетната цена, и автопат – нема. За експресниот пат Градско до Прилеп потрошени над 70 милиони евра во време на владата на СДСМ и ДУИ, патот за седум години не е завршен. “Шарените“ сателити на СДСМ и ДУИ во декември 2015-та протестираа против изградбата на факултетот ФИНКИ и Ректоратот затоа што за нивна градба се отстранети 46 дрва… Не требало да се гради, тие 46 дрва дрвата биле клучно важни за екологијата.

Клиничката болница во Штип, за седум години власт на СДСМ и ДУИ не заврши ни во фаза на затворена карабина. На крај министерот Филипче и премиерот Зоран Заев им исплатија и штета од пет милиони евра на грчката фирма која потоа отиде во стечај. До ден денес никој не знае, освен Филипче, Заев и Гркот, за што се платени милионите а градбата не е завршена? Источна Македонија помина Ковид епидемија без Клиничка болница. Бројот на жртви поради необезбедени вакцини и, плус, немање очекувана Клиничка болница во Штип се уште не е утврден. Судењето за жртвите во Онкологија е лајт скандал за ова.

На 3 јуни 2011 година, во време кога градоначалник на Скопје беше Коце Трајановски а власта во државата предводена од ВМРО ДПМНЕ, почна градбата на Градска куќа, голем репрезентативен објект со сите содржини на кој се чекаше скоро 50 години, од кога градската администрација сосе Матично работи во бараките кај парк.

Во ноември 2019-та тогашниот градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, ја продаде Градската Куќа на ЕВН за 12,5 милиони евра на ЕВН со најава дека парите ќе се трошат за нов објект. Скопје остана во бараки, а единствени објекти кои Петре Шилегов ги отвори се автобуска станица во ГТЦ која наскоро потоа беше затворена, поставување трева од цирка 500 метри квадратни на плоштад Македонија платени 500.000 евра, или 1.000 евра по квадрат, и куќата за пингвини во Зоолошка градина за која градот плати 300.000 евра, или, според тогашни цени, колку за куќа за живеење со комплетна опрема од 300 квадрати!!!

Последната година на власт во Скопје Петре Шилегов ја заврши со загуба, или дефицит, во градската каса од 18 милиони евра или 25 % од буџетот на гардот. Плус 12,5 милиони евра од Градската куќа кои изсчезнаа.

Дали треба да спомнувам и други факти? Поништување на проектот за градба на нов Клинички центар Мајка Тереза во Скопје кој, наместо да почне да се гради, министерот Венко Филипче од владата на СДСМ и ДУИ го раскина договорот, а Филипче ја оштети државата со долг кон италијанската фирма Инсо за раскинувањето.

поврзани објави

         

Последни објави