2.8 C
Skopje
недела, октомври 5, 2025

Мицкоски до Ахмети: „Истиот филм 20 години – после овие избори одиш во политичка пензија, ти гарантирам!“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на синоќешниот митинг во Скопје остро се осврна на реториката на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, оценувајќи дека повеќе од две децении партијата повторува исти и веќе излитени пораки.

„Тезите на ДУИ се излитени и стари. Де крвави, де јастреби, де орли, де зајаци. Истиот фолклор 20 години. Истиот филм 20 години. Видовме што можеа. Тие метафори на митинзите повеќе не им поминуваат,“ порача Мицкоски.

Тој потенцираше дека времето на Ахмети завршува и најави целосна промена на политичката сцена.

„Пред 15 месеци отиде во опозиција, а после овие избори одиш во политичка пензија, јас ти гарантирам,“ нагласи Мицкоски, добивајќи силни аплаузи од присутните.

Тезите на ДУИ се излитени и стари. Де крвави, де јастреби, де орли, де зајаци. Истиот фолклор 20 години. Истиот филм 20 години. Албанците му се иселија. Албанците дури и од неговиот Зајас се иселија, исто како од Гостивар, Тетово, Кичево и сегде каде што живеат. Видовме што можеа. Тие метафори на митинзите повеќе не им поминуваат. Добри се за да насмеат некого, но не да влеат надеж каква што е потребна на сите граѓани. Но добро е што е барем името ми го изговара правилно, рече Мицкоски.

поврзани објави

         

Последни објави