8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Груевски вчера од Струмица – „Народот да остане буден“, Илиевски денеска – „Ќе бидеме будни, ќе реагираме во секунда“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера од Струмица им порача на граѓаните да останат будни и да бидат подотвени за подолгорочен отпор кон Заев и СДСМ кои сакале по секоја цена да дојдат на власт. Според него, ова се историски моменти за Македонија и граѓаните ја разбрале играта на СДСМ.

По повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски рече дека тие се будни и се подготвени да реагираат во секунда.

„Решивме да го потсетиме градот дека наредната недела која доаѓа ќе биде клучна, особено првите три дена, понеделник, вторник и среда. Она што се обидоа да го направат во четвртокот на шверцерски начин да изберат претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа и веднаш потоа да преминат во избор на влада, ќе се обидат сосема сигурно во овие три дена, пред Велигден да го направат. Тоа нема да го дозволиме и ќе бидеме будни. Ќе следиме многу внимателно и ќе реагираме во секунда. Апелираме да не се обидуваат и затоа денес сме овде тука“, порача Илиевски.

поврзани објави

Последни објави